Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Словенечките власти денеска соопштија дека во близина на Марибор пронајден е маж кој починал од хипертермија. Со тоа бројот на жртви од студот на Балканот се искачи на три.

Според словенечките метеоролози денешниот ден бил најстуден од почетокот на година, а најниската измерена температура е минус 27 степени Целзиусови.

Во меѓувреме, во Србија арктичкиот студен бран одзеде два живота. Првата жрвта е 75-годишен маж од општината Дољевац, чие семејство го пријави како исчезнат во понеделникот. Старецот, кој страдал од деменција, е пронајден мртов на локален пат во атарот на неговоот село, а според првите наоди, починал од измрзнување. Втората жртва на студот е 49-годишен маж, чие беживотно тело денеска беше пронајдено во снегот во селото Јерешник. Се претпоставува дека и тој починал од премрзнување.

Хидрометеоролошкиот институт на Србија за денеска прогласи жолт метеоаларм за поголем дел од земјата, најавувајќи дека утре ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека се предвидѕваат „особено опасни временски појави, што можат да предизвикаат голема материјална штета и да бидат многу опасни за безбедноста на луѓето и животните”.

Според сегашните податоци, жолтиот метеоаларм денеска е во сила во Бачка, Банат, Срем, Белград и делови од Источна, Југоисточна и Југозападна Србија.

Утре, како и в петок и сабота, во поголемиот дел од Србија во сила ќе биде црвен метеоаларм, бидејќи, според предвидувањата на метеоролозите, ќе биде екстремно студеноо.

Снегот и студеното време предизвикуваат проблеми во сообраќајот и во Хрватска пред се, во реоните на Лика, Горски Котар и во делови на Славонија и Далмација. Поради наносите на снег и натаму е забранет сообраќајот за камиони со приколки на дел од автопатот Ријека – Загреб.

Во Сплит денеска е измерена најниската температури во овој период од годината во последните 70 години а во Загреб – во последниве 120 години.

Во Хрватска денеска најниска температура од минус 17 степени е измерена на Биоково и на Сљеме, а во Гослиќ од минус 15 степени. Во Загреб утрово беше минус осум степени, а во Сплит минус четири.
Хрватските метереолози најавуваат дека врвот на студениот бран се очекува денеска и утре, за кога се предвидени уште пониски температури. Сепак, според метеоролозите, веќе до крајот на неделата ќе претстои затоплување на времето, поради што се очекува нагло топење на снегот што би можело да предизвика нови проблеми.

Веќе за следната недела се предвидува значително зголемување на температурите во Хрватска, кои в понеделник и вторник ќе достигнат и до десет степени Целзиусови.

Поврзани вести

 

Најново