Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Две лица загинаа вечерва кога мал спортски авион се урнал близу аеродромот „13 мај“ во земунското поле во околината на Белград.

Според портпаролката на белградската служба на Брза помош Нада Мацура, при падот на „ултралесниот авион“ загинале маж и жена.

Мацура во изјава за Танјуг нагласи дека Брзата помош била известена за уривањето на леталото во 19:18 часот.

Причините за падот на авионот и повеќе детали за несреќата засега не се познати.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново