Пожар во Чернобил – огнот му се заканува на складот со нуклеарно гориво (Видео)
Пожарникарите со сите сили се обидуваат да ги стават под контрола пожарите кои што беснеат веќе трет ден во Чернобил на површина од 1,5 хектари, соопштија од украинската државна служба за вондредни ситуации.
„Нивото на радијација во Чернобил и индустриските локалитети во близина на нуклеарната електрана во Чернобил и натаму се во безбедносните граници“, стои во соопштението на украинската државна служба.
Пожарите избиле пред два дена кога се запалила сувата трева, а потоа веднаш пожарот се проширил кон шумата во областа на Чернобил.
Претходно прес службата на украинската Агенција за Чернобил соопштила дека контролниот систем за радијација бил ставен во мод за вондредни ситуации, што значи дека ситуацијата навистина е алармантна и пожарот може да предизвика нова катастрофа.
Досега изгореле од 10 до 15 хектари шума, а како што пренесуваат украинските медиуми, главниот пожар бил забележан во близина на складиштето за искористено нуклеарно гориво.
Сепак, засега од Агенцијата ги смируваат граѓаните и тврдат дека нивото на зрачење во Чернобил е во безбедносните граници.
{vembed Y=YCEf0o0dpYI}