Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ruskozname fin

Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ќе преземе соодветни мерки откако Грција најави дека ќе протера двајца руски дипломати.

Претходно грчкиот весник „Катимерини” соопшти, дека владата на Грција донела одлука за протерување на двајца руски дипломати и забрана на влез во Грција на уште двајца. Како што тврди весникот, грчките власти ги обвинуваат дипломатите за мешање во внатрешните работи на државата и за активности против националната безбедност.

Според високи грчки дипломатски извори, Атина повикува на итно протерување на двајца руски дипломати, меѓу кои и Виктор Јаковлев од руската амбасада, и протерување на уште двајца.

Истите извори забележуваат дека тоа се случува по многубројните координирани напори за проширување на руското влијание во Грција, вклучително и преку активности на Императорското православно палестинско општество.

Изворите посочуваат дека Грција продолжува да бара добра соработка со Русија и ги охрабрува пријателските односи меѓу двете земји, но додава дека ова е можно само при почитување на суверенитетот на секоја земја.
Според изворите, за парична награда, руските дипломати са обидувале да го придобијат влијанието на митрополитите во грчката православна хиерархија, на Света Гора.

Дипломатски извори на весникот ги споменуваат и напорите на Русија да интервенира во чувствително прашање, како што е договорот меѓу Грција и Република Македонија за името, а со тоа негативно да влијаат на улогата на Грција на Балканот.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново