Расте бројот на загинати во пожарот во Грција, пронајдени нови 26 јагленосани тела
Непотврдено преку 50 загинати, овеќе од 156 лица се повредени, а 11 посериозно.
Според спасувачите од Црвениот крст, во двор на таверна во населбата Мати, во источниот дел на областа Атика, биле пронајдени тела на 26 лица, објавуваат грчките медиуми.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, спасувачот Андриопулос од Црвениот крст, за грчката телевизија Антена, рече дека во нивната акција бил пронајдени телата на 26 лица, мажи, жени и деца. Според неговотосведоштво, луѓето веројатно се знаеле меѓу себе, спасувачите ги пронашле прегрнати во неколку групи.
Претпоставките на спасувачите се дека луѓето тргнале кон морето за да се спасат, но на 30-40 метри оддалеченост, поради големината и јачината на огнените јазици, нивните обиди биле залудни.
Гори Грција- Најмалку 20 загинати и над 100 повредени во пожарите
Доколку се потврдат информациите што доаѓаат од спасувачките екипи, тогаш бројката на загинати е над 50 лица.
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Грција , јави агенцијата ЕФЕ, цитирајќи ја грчката агенција за цивилна заштита. Властите бараат итна меѓународна помош за справување со катастрофата.
Повеќе од 156 лица се повредени, 11 сериозно.
{vembed Y=b2fMEVnvmXc}