Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

gramis fin

Дека временските прилики се сосема хаотични покажа невремето кое деновиве помина низ средните и јужните делови на Европа. Август уште не завршил, а некои делови се прекриени со снег, Словенија, Италија, Австрија, па и делови од јужна Германија.

Снимките од словенските Алпи покажуваат дека има снег, а студен океански бран ја зафати Европа, па некаде температурите паднаа под нулата.

Неколку сантиметри бел покривач има на словенечките Алпи, а температурата е неколку степени под нулата. Снег паднаи во италијанските Алпи, на скијалиштето Алта Бадиа, каде има 30-тина см снег.

Снег падна и во Австрија. Белиот покривач во недела достигна висина и до 40 см.

Бели снегулки паднаа и во делови од јужна Германија. Снег утрово се чистеше и во близина на скијалиштето Гармиш-Партенкирхен, во местото Граинау.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново