Маж се самоуби пред градинка во Белград
Објавено на 27 декември, 2018 во 10:13
Средовечен маж изврши самоубивство во четврток наутро пред градинка во Белград, јави Танјуг.
Мажот пукал во себе од ловечка пушка во автомобил, кој бил паркиран пред градинка.
Пукањето се случило утрово, а во Итната помош потврдија дека во прашање е маж на возраст од 45 до 50 години и дека лекарската екипа само констатирала смрт.