Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sidnej1 fin

Силен дожд не го наруши новогодишното расположение во Сиднеј, кој традиционално е домаќин на еден од најспектакуларните огномети.

Полицијата процени дека милион луѓе ќе се соберат за да го гледаат огнометот во сиднејското пристаниште, на кое се надоврза и природата, креирајќи свое шоу на небото со десетици молњи.

sidnej2 fin

Точно на полноќ, беа ослободени 100.000 пиротехнички ефекти, придружувано од хитот на неодамна починатата кралица на соул музиката Арета Френклин, „Природна жена“.

Покрај Сиднеј, со огномет во 2019 година влегоа и Мелбурн и Бризбејн, како и главниот град на Нов Зеланд, Окленд, кој го пушти своето шоу од врвот на 328 метри високиот Скај тауер.

sidnej3 fin

Наспроти славеничката и позитивна атмосфера по големите градови, генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутиереш во својата порака потсети на суровата реалност со којашто светот влегува во новата година.

„Климатските промени претставуваат егзистенцијална закана по Земјата и време е да ја зграпчиме нашата последна најдобра шанса. Но, има причини за надеж, но мора да бидеме сплотени“, кажа Гутиереш.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.