Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zdravstvendomdubrovnik fin

Здрвствениот дом во Дубровник даде оглас на Фејсбук за педијатар во педијатриската ординација во Мокошица, но веќе 15 дена не се пријавил ниту еден заинтересиран. Нето-платата е дури 14 илјади куни или 2.000 евра. Освен тоа, Здравствениот дом за лекарот дава и бесплатно сместување во стан од 50 квадратни метри, како и можност за дополнителна заработувачка во здравствените установи во Дубровник и во жупанијата, пишува „Дубровачки дневник“.

Се сакало да се утврди дали ќе има интерес пред официјално да биде распишан конкурс за вработување. Овој проблем во Хрватска од поодамна е присутен, а повремено се вработуваат и лекари од соседните земји, па и од Македонија.

„Нема лекари, нема педијaтри. Лекарите со кои разговаравме се исклучително задоволни од условите што ги нудиме, но луѓето во Хрватска немаат навика да се селат во друг град заради работа, што е чест случај во развиените земји“, вели директорот на здравствениот дом во Дубровник.

Извор: Дубровачки дневник  

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново