Словенија: Невработените месечно ќе добиваат по 530 евра
Објавено на 27 декември, 2019 во 13:19
Од денеска во Словенија стапуваат во сила новите правила за финансиска помош за невработените. Меѓу другото, се зголемува паричниот надоместок што ќе го добиваат оваа категорија граѓани. Досега на невработените им следуваше помош од 350 евра, а со новиот закон таа се зголемува на 530 евра месечно.
Исто така, според измените, сега странците со регулиран престој во Словенија, а не се државјани на земја членка на ЕУ, за да бидат впишани во регистарот на невработени ќе треба да достават и потврда за основно познавање на словенечкиот јазик. Тие, пак, што седржавјани на земја членка на ЕУ, ќе треба да посетуваат курс по словенечки јазик и лично да се пријавуваат на огласи за работа.