Масовна тепачка во турскиот парламент
Објавено на 5 март, 2020 во 09:13
На вчерашната седница на која се расправаше за турската вена интервенција во Сирија, изби масовна тепачка во турскиот парламент. Инцидентот се случи додека зборуваше опозициски пратеник, кој претходно го обвини претседателот Ердоган за презир кон војниците убиени во Сирија.
Пратеникот оцени дека испраќањето трупи во областа на конфликтот без воздушна поддршка е неодговорно однесување на Претседателот.
Поради тоа, Обвинителството започнало истрага за навреда на претседателот.