КБЦ Љубљана бара волонтери, расте бројот на заразени лекари
Објавено на 28 октомври, 2020 во 18:45
28.10.2020
Клиничкиот центар во Љубљана, најголемата болница во Словенија, бара волонтери поради зголемениот бројот на здравствени работници кои се заразени со коронавирусот.
Поради влошената состојба, болницата бара помош од студенти по медицина, но и психотерапија, фармација, биомедицина, медицински сестри, пренесува словенечката агенција СТА.
Болницата во Марибор исто така бара помош од студенти.
Клиничкиот центар во Љубљана исто така бара помош од средношколци по медицина кои се полнолетни. Освен нив, се бара и помош од луѓе кои завршиле некои медицински курсеви или за нега, пренесува СТА.