Лидерите на Г20 ветија дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна за сите
22.11.2020
Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за фер дистрибуција на вакцини против коронавирус, лекови и тестови во целиот свет, така што тие ќе бидат достапни за посиромашните земји.
„Нема да штедиме напори да обезбедиме правичен пристап за сите, во согласност со обврските на сите членови од оваа иницијатива. Широката имунизација ја препознаваме како глобално јавно добро“, пишува во нацрт-документот, пренесува „Ројтерс“ кој е еден од медиумите кои имале увид во него.
Токму пандемијата и економската криза биле доминантна тема на дводневниот самит во Саудиска Арабија која претседателството со Г20 сега треба да го предаде на Италија.
Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите.
Мите Јаначков