Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kovid pasos 1

22.02.2021

Шведска планира до летото да воведе дигитални-корона пасоши, како што тоа претходно го направи Данска, пишува Дојче веле.

Шведските власти досега место затворање како што беше случај со останатите европски земји сметаа да постигнат имунитет на стадо, а подоцна и на здравиот човечки разум, за што беа критикувани. Според податоците од американскиот Универзитет Џонс Хопкинс во Шведска досегасо вирусот се заразени над 600.000 граѓани.

Таа дигитална потврда треба да служи како доказ за вакцинација против корона вирусот, објаснува министерот за енергија и дигитален развој Андерс Игеман, а потоа да овозможи посета на културните или спортските манифестации, како и слободни патувања.

Опремата за контрола на тој документ треба да е подготвена до први јуни.

Според податоците на онлајн платформата „Our World in Data“ во Данска досега се вакцинирани 6,87 отсто од граѓаните, а во Шведска 4,53 проценти од населението. Состојбата е слична како во Германијакаде вакцината досега ја примилесамо 49,5 проценти од населението. Слична е состојбата и во остатокот од Европската унија.

Според критичарите во тоа гледаат некој вид присилување на вакцинацијата, и дека корона-пасошите се неправдени се додека нема доволно вакцини за да се вакцинираат сите кои сакаат, а многу од луѓето од здравствени причини не може да се вакцинираат.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново