Тексас од следната недела го укинува задолжителното носење на маски
Објавено на 3 март, 2021 во 09:16
03.03.2021
Во Тексас ќе биде укината одлуката за задолжително носење маски, а сите компании ќе започнат со работа со полн капацитет од следната недела, соопшти гувернерот на оваа американска држава, Грег Абот.
– Време е 100 проценти да го отвориме Тексас, рече републиканскиот гувернер на Тексас.
Тексас е најголемата американска држава што ја укинува одлуката за задолжително носење маски, а Абот, како што потсетува „Си-Ен-Ен“, се соочи со критики од неговата партија поради изречената мерка во јули минатата година.
Во Тексас од почетокот на пандемијата, од ковид-19 починаа повеќе од 42.000 луѓе.