Во светот заразени 118 милиони лица од коронавирусот, 30 милион во САД
Објавено на 10 март, 2021 во 08:27
10.03.2021
Во светот денеска, според податоците на интернет страницата Worldometer, се заразени вкупно 118 милиони луѓе со ковид-19. Само во последните 24 часа, нивниот број се зголемил за 254.000 од кои најголем дел отпаѓаат на случаите во САД – 27.268 по што следуваат Франција со 23.302, Италија со речиси 20.000, Индија со 16.846 и Турција со 13.755.
Најмногу инфицирани во светот има во САД, речиси 30 милиони, пред Индија и Бразил кои имаат над 11 милиони пациенти со коронавирус.
Русија е на четврто место во светот и прва во Европа по бројот на заразени 4,3 милиони лица. По неа следуваат Велика Британија со 4,2 милиона, Франција со 3,9 милиони, Шпанија и Италија кои имаат преку 3,1 милиони заразени жители.