Соработка: Белорусија и Русија со заеднички Центар за обука за воздушна и противвоздушна одбрана
16.03.2021
Белорусија најави создавање на белоруско-руски центар за обука на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана во согласност со договорите постигнати од министрите за одбрана на двете земји.
– На територијата на Белорусија се планира формирање центар за борбена обука за заедничка обука на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана. Во Центарот ќе биде организирана заедничка обука на екипажите на авионите Су-30СМ, белоруски војници ќе бидат обучени да управуваат со современите противвоздушни ракетни системи, како и заеднички да спроведуваат обуки и борбени мисии, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за одбрана.
Минск оценува дека Центарот значително ќе го зголеми нивото на обука на единиците на ВВС и на ПВО на Белорусија и на воздушните сили на Руската Федерација, ќе ја зајакне практичната компонента за развој на унифициран регионален систем за противвоздушна одбрана.
Центарот ќе биде во реонот на Гродно. Предвидени се уште заеднички центри кои ќе бидат лоцирани во Нижни Новгород и во Калининград во Русија.