Германците загрижени: Британскиот вид целосно го потисна „оригиналниот вирус“
Објавено на 18 март, 2021 во 10:05
18.03.2021
Британскиот вид на коронавирус е доминантен во Германија, каде што во дури 72% од случаите е причина за тековните болести.
Институтот Роберт Кох објави дека британскиот вид е потврден во 72% од позитивните тестови, што, како што посочуваат од таа институција, е причина за голема загриженост.
Уште минатата недела учеството на британскиот вид во позитивните тестови беше околу 55%.
Оваа состојба, според експертите, не е добар развој.
– По Велигден, ќе ја имаме ситуацијата како што беше околу Божиќ – предупреди вирологот Кристијан Достен за „ТВ НДР“.
Поради мутацијата на вирусот, ситуацијата ќе биде драстично влошена, додаде тој, нагласувајќи дека станува особено опасно за невакцинирани лица постари од 50 години.