Нов Зеланд воведе платено отсуство по спонтан абортус
25.03.2021
Парламентот на Нов Зеланд едногласно усвои закон со кој на вработените мајки и нивните партнери им се дава право на платено отсуство по спонтан абортус или раѓање на мртов плод.
Ова се смета за една од првите регулативи од ваков тип во светот.
Одлуката на Парламентот им дава на вработените три слободни дена кога бременоста ќе заврши со раѓање на мртов плод, наместо да ги принудува да користат боледување. Пратеничката Џини Андерсон рече дека во такви случаи треба да има специјално отсуство, но болните чувства околу ова прашање сè уште прават многу луѓе да не сакаат да разговараат за тоа.
– Тагата што доаѓа со спонтан абортус не е болест; тоа е загуба, а за таа загуба е потребно време – време за физичко и ментално закрепнување, рече таа во Парламентот.
Андерсон додаде дека во отсуството се вклучени и партнерот на жената ако има спонтан абортус, како и луѓето кои се обиделе да имаат дете преку сурогат мајчинство.