Најмалку 11 мигранти од кои повеќето деца, загинаа откако потонал чамец во близина на грчкиот остров Самос во Егејското Море

Има жртви при експлозија во историскиот центар на Истанбул, објави АФП. Сè уште не е позната причината за експлозијата. Амбулантни возила и полиција се насочија кон плоштадот “Султан Ахмед” во стариот кварт Фатих, соопштија локалните телевизии.

Околу 300 граѓани протестираа пред Владата во Србија вечерва.Со транспаренти “Новинарите не клечат”, уште еднаш демонстративно упатија порака до власта, да не ја потценува професијата, пишува Локално.

Приврзаници на косовската опозиција во Приштина денеска одржуваат нов протест на кој повторно бараат поништување на Бриселскиот договор што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини и договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Банско осамна утрово под полициска опсада, а причината е акција на полиција во потрага по крадени автомобили од банда која работи меѓу Софија и Банско.

На првата годишнина од исламистичкото напад, неделникот “Шарл Ебдо” (Charlie Hebdo) пушта посебен број, пренесе АФП.

Поврзани вести

 

Најново