Денеска од 13 до 23 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин „Ники“, поради штрајк на грчките земјоделци.

Владата на Луксембург објави намера дека сака да копа руда на астероидите во вселената. Како што се наведува, во потрага за благодорни метали како златото, платината и волфрамот, на ред се правни рамки за експлоатација на ресурси надвор од Земјината атмосфера, а ги повикуваат и потенцијалните инвеститори.

Протестот во Атина ескалира со насилни инциденти и со судири меѓу полицијата и демонстрантите на неколку точки низ центарот на градот. Групи маскирани демонстранти почнаа да фрлаат камења и молотови коктели кон припадниците на специјалните полициски сили, чие присуство е огромно на денешниот масовен протест против законот за намалување на пензиите и на здравствените бенефиции.

Група експерти на Советот на Европа за сузбивање на трговијата со луѓе го објави најновиот извештај за Хрватска во кој изрази загриженост за се поголемиот број исчезнати деца меѓу бегалците и ги повика властите во Загреб да преземат мерки за спречување на таквите случаи.

Министерството за земјоделство на Република Хрватска извести во вторникот дека поради недозволени концентрации на микотоскини се повлекува од пазарот производот „Шафрам паприка“ толчен лут од 35 грама во стаклено пакување, и од 50 грама во кесички.

Кон грчкиот “ден на гневот” ќе се приклучат таксисти и оние на товарните камиони, како и морнарите. Грчките фармери исто така ќе продолжат со својата штрајк, блокирајќи со трактори автопатите на земјата, пренесе ТАСС.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново