Независниот центристички кандидат Емануел Макрон освои 23,75 проценти, додека кандидатката на крајнодесничарскиот „Национален фронт“ Марин ле Пен освои 21,53 проценти од гласовите во првиот круг од претседателските избори во Франција, покажуваат конечните резултати, пријавени од француското Министерство за внатрешни работи.

Грчките земјоделци ги повлекоа тракторите од блокадите на патиштата, вклучително и крај пунктот Промахон, на границата со Бугарија, но се закануваат дека ќе организираат други форми на протести.

Земјотреси синоќа имало кај грчките острови Лезбос и Крит.

Големо мнозинство од граѓаните на Србија сметаат дека не е оправдано да се влезе во вооружен конфликт со цел Косово „да остане“ во составот на Србија, покажа истражувањето на белградскиот Центар за политика во областа на безбедноста.

Демонстрантите грчки фармери денеска планираат да го блокираат пристапот до железничката линија крај Идомени, пишува весникот “Катимерини”, цитирано од светските агенции.

Во главниот град на САД денеска се одржува 65. Молитвен појадок, прв на кој ќе учествува новиот претседател на таа земја Доналд Трамп.

Поврзани вести

 

Најново