Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи состојбите на терен, бербата, откупот и пласманот на земјоделските производи и ќе ги преземе сите неопходни мерки за непречен откуп, дистрибуција и заштита на домашното производство, соопштуваат од Министерството.

Тим од Министерството деновиве се сретнал со производителите, откупувачите од земјава и од странство, независни земјоделски синдикати и здруженија, за да добие информации како се одвива откупот на градинарски производи од струмичкиот и Тиквешкиот регион каде што во тек е бербата на праски, круши, кајсии, црешни, вишни и друго.

- Од посетата се потврди дека и ова година ќе ги имаме истите проблеми. Се заклучи дека голем број регистрирани откупувачи кои имаат искуство со извоз, немаат стабилни партнери кои согласно склучените предвремени договори би имале динамика на прифаќање на земјоделските производи. Постојат вештачки блокади од странски партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот. Странските откупувачи не информираа дека имаат забелешка, што во една гајба се пакува по три вида на сорти, а производите во отсуство на ладилници се чуваат во несоодветни услови. Од средбите произлезе дека има потреба од подобро организирање на пазарот, подобра соработка помеѓу производителите и трговците, но и двете страни искажаа потреба од почеста и поблиска комуникација со Министерството, особено во сезоната на откупот - велат од Министерството.

Новата Влада ќе поттикне формирање на складишни капацитети и откупно дистрибутивни центри со капацитет од повеќе од 5.000 тони и ќе поддржи иницијативи од индивидуални земјоделски стопанства, задруги и здруженија за изградба на мали ладилници за чување земјоделски производи со капацитет од 500 тони.

На овој начин, сметаат во Министерството, земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни и ќе можат да постигнат повисока откупна цена.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со потсекторските групи веќе започнало да работи на промената на политиките кои се покажале како непродуктивни.

- Новата реформска Влада има план преку МЗШВ да спроведе сеопфатна програма за поддршка на сите чинители во секторот.
Дополнително се работи на создавање на подеднакви пазарни услови кои ќе важат за сите, и во еден таков фер пазарен однос ќе се воспостави и фер однос кон цената на земјоделските производи. Во програмата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој посебен осврт ќе се даде на примарното производство, односно земјоделецот ќе биде во фокусот. Ваквата состојба со сигурност ќе овозможи зголемено производство - додаваат од Министерството.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.