Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Откупот на тутунот од годинешнава реколта во Прилеп се одвива без проблеми, а така е на ниво на цела држава. Ова денеска го соопшти директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јане Станкоски кој на оваа тема разговараше со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

- Откупот на ниво на целата држава, а секако и во прилепска општина се одвива без проблеми. Од пријавените девет откупни фирми, досега тутунот го преземаат осум претпријатија. До последниот рок за започнување на откупната кампања 15 декември, се очекува и последната откупна фирма да обезбеди средства и да почне со откуп. Преземени се околу 7000 од околу 23.000 тони тутун, колку што се очекува да биде тешка годинешната реколта и постигната е просечна откупна цена од 204 денари за килограм тутун. Исплатата ќе се врши, така како што е дефинирано во потпишаните договори на кооперантите со откупните фирми - соопшти Станкоски.

Прилеп е најголемо тутунопроизводствено подрачје во Македонија. Дел кооперанти живеат само од тутунопроизводство. Оттука особено е значајно откупот на реколтата да се врши согласно законските прописи и регулатива.

Откупната кампања според Законот за тутун, треба да заврши на 15 март.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.