Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

dimkovski finPrespa

На сметките на 2.100 јаболкопроизводители во Преспа денеска легнаа 106 милиони денари од интервентната мерка за продадено индустриско јаболко во преработувачките капацитети, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

На денешната средба со преспаснките земјоделци и градоначалникот Живко Гошаревски, ги слушна проблемите со кои се соочуваат јаболко производителите и разговараа за актуелните теми.

– На средбата разговаравме за сите актуелни теми што како Министерство ги планираме, а тоа е пред се започнување плански инвестиции и изградба на откупно дистрибутивен центар во Ресен – истакна Димковски.

Индивидуалните земјоделци имаа можност да добијат и картички за „зелена нафта“.

– Веќе една недела како се делат зелените картички преку подрачните единици на Министерството за земјоделство и во овој момент имав можност да поразговарам со земјоделците за придобивките – додаде ресорниот министер.

На средбата, според градоначалникот Гошаревски, земјоделците добиле одговори на многу прашања, а министерот бил запознаен со последиците од невремето кое минатиот месец го зафати Преспанскиот регион.

– Завршивме со јанвиот повик за пријавување штети од невремето кое ја зафати Долна Преспа. Пријавени се околу 470 граѓани и зафатени се околу 420 хектари овошни насади. Се договоривме со министерот, административните процедури да се завршат што е можно побрзо со цел граѓаните да се обештетат за пократко време – истакна Гошаревски.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново