Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Nkolovsk fn

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земејоделство, Љупчо Николовски на денешната трибина “Агенда земјоделство 20-24” којашто се одржува во Струмица, истакна дека Република Северна Македонија за прв пат после 12 години не враќа пари назад во Европска унија поради неискористени средства за ИПАРД, туку нам поради зголемениот интерес за мерките ќе бидат потребни повеќе средства.

Николовски подвлече дека Република Северна Македонија веќе се етаблираше во регионот како позитивен пример за ефикасна искористеност на европските фондови, а Владата предводена од СДСМ стави силен фоукс на земјоделствтото, како сектор којшто е еден од клучните двигатели на економијата.
Николовски кажа дека во изминатите две и пол години преку кампањи и директна комуникација со земјоделците успеавме да ги доближиме мерките од ИПАРД до земјоделците, ги олеснивме административните процедури, нема веќе чекање по една година за да се склучат договори.

Резултатите се видливи, рече Николовски и додаде дека за досега објавените повици од ИПАРД 2, склучени се 1.556 договори со вкупна вредност од над 33,9 милиони евра што е 42,4 проценти од расположливите средства од ИПАРД 2. Реализирани и исплатени се вкупно 849 договори со вкупна вредност од 12,7 милиони евра.
“Само за споредба во текот на целиот програмски период ипард 1 програмата 2007-2013 беа склучени 1369 договор со вкупна вредност од 48,5 милиони евра. Од нив беа реализирани 1.091 договор во вредност од 33,8 милиони евра. Вкупна вредност на исплатена финансиска поддршка за реализираните договори изнесуваше 16 милиони евра односно искористеност на ИПАРД1 , изнесуваше само 17 проценти, рече Николовски.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново