Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zito fin

Околу 200 – 300 тони е дневниот увоз на пченица во земјава, велат мелничарите. Повторуваат дека залихи има доволно, за цел месец, дека во континуитет вршат набавка и уште еднаш апелираат до граѓаните да не трупаат залихи.

Единствен проблем во моментов, велат, е немањето протокол за нашите возачи на камиони поради што, кога ќе дојдат на граница, надлежните ги задржуваат во 14-дневен карантин. Компаниите во ваков случај се принудени да најмуваат возачи од Србија зашто таму протокол има и тие се заштитени од задржување во карантин.

-Ја повикуваме Владата веднаш да изготви и да воведе протокол за возачите кои транспротираат пченица за мелничката индустрија за да не бидат ставени под карантин како што е случајот денеска со 12-те возачи на цистерни со нафта на граничниот премин „Деве Баир”. Тие се ставени во карантин. Ако вака продолжиме, односно ако нема протокол, стото може да се случи и со увзоот на пченица. Ако не се воведе протоколот веднаш, не ќе може да се снабдиме со стока, изјави за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.

Според него, пченица засега најмногу се увезува од Србија.

И Томе Ѓорѓевски од „Кадино” за МИА потврдува дека пченица има и дека континуирано се увезува, но во моментов најголем проблем е транспротот зашто многу возачи, нагласува, се во изолација.

-Снабдување на пазарот со пченица секако има и ќе има. Има и доволно млинови во земјава за да ги одработат увезените количини. Ова што сега се случува е поради големата побарувачка во исто време и ќе стивне, ако не за пет, десет, тогаш за 20 дена, кога граѓаните ќе ги „наполнат” домовите со брашно. Но, реален проблем во моментов ни е ставањето во карантин на возачите поради што сме принудени да бараме од надвор, а тоа не само што го одолговлекува, туку и го поскапува транспортот, истакнува Ѓорѓевски.
Србија, од каде традиционално највеќе извезуваме, нема да стави рампа за извоз зашто ќе гледа да ги продаде залихите пченица со кои располага.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново