Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска од село Сарамзалино, општина Лозово, ќе ги соопшти деталите за новиот јавен оглас за давање под закуп државно земјоделско земјиште во Џумајлија.

Производителите на пролетна зелка од Муртино утрово околу 8 часот ја прекинаа блокадата на откупниот пункт, но протестот продолжи во центарот на селото.

Гранција планира да укине една од најпопуларните продажбени понуди на храна кога за еден купен добиваш еден производ гратис во супермаркетите за да им гарантира поголема заработка на фармерите.

Откупот на тутун е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на месецот, а просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017 достигна 214,8 денари за килограм, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Блокирани субвенции, зголемен увоз, проблем со откупот на праските и бостанот, продадени 21.000 тони пченица од стоковите резерви во пресрет на жетвата и неплатени 400.000 евра членарина за меѓународните институции од кои Македонија добива поддршка, беа само некои од проблемите со кои се соочи земјоделството во 2017 година.

Откупот на тутунот од годинешнава реколта во Прилеп се одвива без проблеми, а така е на ниво на цела држава. Ова денеска го соопшти директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јане Станкоски кој на оваа тема разговараше со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново