За време на викендот се очекуваат многу ниски температури кои можат да ги измрзнат лозјата и овошките. Температурите во наредните денови се очекува да паднат до -20 степени Целзиусови. Тие нема да предизвикаат никакви штети кај есенските посеви, но претставуваат опасност за овошките и лозовите насади, пишува Фактор.

По просечна цена од 192,08 денари за килограм во Македонија до вчера се откупени вкупно 14.588 тони тутун од годинашната реколта. Откуп вршат девет компании кои ги исполниле условите предвидени од надлежните. Ова го соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Поврзани вести

 

Најново