Седум централноевропски држави ја повикаа ЕУ да го забрза влезот на западнобалканските земји кон Унијата, предупредувајќи дека ако Западен Балкан не бидат интегрирани, тоа може да се претвори во сериозна закана за безбедноста на целиот регион, информира Ројтерс.

Истражувачкото новинарство е „јавно добро“ и „главно оружје во борбата против корупцијата“, стои во Резолуцијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) усвоена синоќа, врз основа на извештајот на турската пратеничка Ѓулсун Билгехан.

– Приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија ќе биде еден од моите два приоритети за работа во наредниот период, заедно со зацврстување на безбедноста и одбраната на Унијата. изјави синоќа високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

– Европа е под високи температури, а во Британија е регистриран најтоплиот ден во јуни во изминатите 40 години.

Надоместоците за роаминг во Европската унија престануваат да постојат.Крајот настапува денеска , на 15 јуни.

„Зачувување на мирот и стабилноста, регионална соработка и членство во ЕУ како заедничка стратешка цел“, тоа е реченицата која во еден глас ја повторуваа шесмината лидери од Западен Балкан. Барем додека се во Брисел…

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново