Разговорите за реформирање на медиумската сфера помеѓу претставниците на четирите политички партии со белгискиот посредник Питер Ванхауте продолжија попладнево во Клубот на пратеници.

Од 13:00 до 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути денеска повремено ќе има прекини на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, кај месноста Врбјани.

И денеска ќе се задржи стабилно и многу топло за овој период од годината со умерен јужен ветер.  Максималната температура до 23 степени.

Оние кои креираа сценарија за спектакуларни апсења, сега гледаат како изгледа кога ќе бидат во ситуација против нив да се води постапка. Потребно е ефикасно спроведување на истрагите без попречување и без влијание на сведоци.

Црвениот крст на република Македонија продолжува со поддршката на мигрантите и бегалците. На двата гранични премини во гевгелија и табановце, со 11 мобилни тима е дваесет и четири часа на терен. За само една недела дистрибуираше 5.061 шишиња за вода за пиење, 892 пакети со прехрамбени продукти , 1025 пакети со хигиенски средства, 2.260 мантили за дожд, 2.557 комплети шал, капа и ракавици, 1.072 јакни, 760 чизми. 1.256 ќебиња а прва помош им укажа на 2.300 лица.

Гори скелето од кое се монтира новата барокна фасада на ЕВН на скопскиот плоштад, јави Плусинфо.

Поврзани вести

 

Најново