Денеска во средните училишта започнува екстерно тестирање на учениците во завршните години во средно образование, што ќе трае до 29 јануари.

Од утрово системот за екстерно тестирање падна, па повеќе од два часа матурантите чекаат во училиштата за да го полагаат тестот. Оваа информација за Телма ја потврдуваат дел од директорите во скопските училишта од каде велат дека се очекува електронскиот систем да се покрене за да може да се спроведе тестот, јави Телма.

Судот го одложи рочиштето за случајот „Поткуп“ против лидерот на опозицијата Зоран Заев. Одбраната соопшти дека причината за одложување е службен состанок на Заев со амбасадорот на Кина. Неговиот адвокат Ване Андреев изјави дека на следното рочиште кое е закажано за трети март Заев ќе присуствува, јави Радио Слободна Европа.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради ниски температури, на повисоките планински и осојничави места можна е појава на голомразица.

Во Маврово, Берово и Лазарополе утрово се измерени најниски температури од минус 11 и минус 10, над нулата е измерена температура само во Гевгелија – еден степен.

Денеска  во вечерните часови и во вторник претпладне ќе има услови за локален слаб снег, особено во североисточните делови.  Температура до 4 степени.

Поврзани вести

 

Најново