Анкетната комисија за скандалот со фалсификувањето на личните документи што се формираше на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а во која опозицијата одби да учествува, денеска ќе ја одржи првата седница.

Проект за поддршка за воспоставување на надворешен механизам за контрола на работата на полицијата ќе биде промовиран денеска во Скопје, тој ќе се реализира во период од пет месеци и се очекува да заврши до крајот на април годинава.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.  Магла со видливост од 50 до 100 метри има во Тетово, Маџари, Куманово, Македонски Брод, Сарамзалино, Делчево, Неготино, Удово, Кула, Петровец.

Продолжува периодот на стабилно и потопло време, што ќе услови постепено топење на снежната покривка на планините.

Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите и со него се прави упад врз мисијата, финансирањето и уредувачката политика на медиумите, реагира претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

Во новообјавениот извештај на Фридом Хаус за слободата во светот, организацијата оценува дека Македонија во 2015 година има оценка од 3,5 и надолен тренд, кој се должи на аферата со прислушувањето. Според американската организација, на Балканот постои застој и Македонија, Косово и Босна покажале дисфункционалност.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.