Анкетата која ја спроведе хрватскиот портал Мој посао покажа дека дури три четвртини вработени би сакале да примаат бруто плата.

Протестот на машиновозачите е прекинат, откако Владата прифати дел од нивните барања, а за останатите дополнително ќе се носат решенија кои ќе бидат во рамките на можнистите на државата, информираа денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Поминати се сите линии на ликвидност во буџетот. Во државниот буџет нема 130 милиони туку 6 милиони евра, има се уште неевидентирани доспеани обврски кон државата за кои ќе треба период за да се соберат информации, скриениот долг не е евидентиран.

Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на Македонија и со новата стратегија за соработка од 2017 до 2020 година, се предвидени финансиски обврски во висина од 76 милиони швајцарски франци, соопшти амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Експресниот воз „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа помеѓу Скопје, Белград и Солун од 1 јуни годинава.

Народната банка на Република Македонија во априлската проекција прогнозира раст од 2,5 проценти на македонската економија за годинава по што би следело забрзување на 3,2 процента во 2018 година, информира денеска на прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново