Белгија од денеска е во тридневна жалост за загинатите на 22 март утрото кај двата терористички чина во Брисел. При експлозии во меѓународниот аеродром во Брисел и во метро станица “Малбек” во Брисел загинаа 34 лица, а над 230 беа повредени.Нема загинати Македонци.

И покрај консензуално усвоената методологија од страна на ДИК и усвоениот извештај за сомнителни 316.000 гласачи, сепак мнозинството во ДИК не сака да се прави теренска проверка на 124.000 гласачи кои ги има на избирачкиот список во последните девет месеци, односно од 1 јули 2015 година, а кои не се јавуваат во ниту една од десетте бази на податоци добиени од државните институции.

Венецијанската комисија го објави своето мислење по двата закони, за приватност и за свиркачи кои почнуваат да се применуваат сега или за краток период, во кое,во 100 точки ја елаборира содржината и дава серија заклучоци, пренесува порталот Сведок.

Македонската полиција и војската почнаа да ги депортираат мигрантите на грчка територија.

За сосема чист избирачки список е неопходен попис, тврди поранешниот директор на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски. Разликите, вели, се големи меѓу бројот на населението во земјава и бројот на избирачи, јави Телма.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. 

Поврзани вести

 

Најново