Истекува рокот во кој министрите од новата Влада треба да ги поднесат анкетните листови за имотот што го поседуваат. Голем дел од нив тоа се уште не го сториле, иако имаат рок од 30 дена од стапување на функција, а со оглед дека беа назначени на први јуни, на располагање имаат уште еден ден.

Најновиот политички барометар на БРИМА покажува дека по изборот на новата Влада дошло до значајни поместувања на позициите на политичките партии во електоратот на Македонија. За првпат по низа години СДСМ води со 22,4% пред ВМРО-ДПМНЕ кој го поддржуваат 19,8% бирачи. Иако ВМРО-ДПМНЕ во сегментот на етничките Македонци се уште има предност од 0,9% во вкупниот електорат СДСМ има предност од 2,6% затоа што СДСМ го поддржуваат 6,3% од етничките Албанци а исто така СДСМ и кај гласачите од другите етнички заедници има предност од 15,1% во однос на ВМРО–ДПМНЕ. Во Албанскиот политички кампус ДУИ и понатаму ја задржува предноста со 26,6% во однос на Беса која е поддржана од 15,8% и Движењето за реформи во ДПА која ја поддржуваат 15,5% етнички Албанци.

Но, треба да се нагласи дека во вкупниот електорат скоро секој петти граѓанин е неопределен (17,7%).

Декларацијата на политички партии на Албанците не е дел од историјата, изјави шефот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, по празникот Бајрам коалициските партии ќе се состанат повторно и наскоро во Собранието ќе се најде новиот Закон за албански јазик.

Премиерот Зоран Заев обраќајќи се до пратениците, на седницата на која треба да се изберат заменици-министри, рече дека биографиите се веќе неколку дена пред пратениците, и дека изборот на замениците е избор на професионалци и експерти

Александар Николовски, предложен од претходната влада за амбасадор на Македонија во Европската унија не е по мерка на новиот владин кабинет. Министерот за надворешни работи Никола Димитров одо од Софија порача дека постапката за негово назначување на оваа позиција ќе биде запрена. Тој вели дека партискиот политичкиот фолклор мора да престане.

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска со средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов ја почнува дводневната официјална посета на Република Бугарија. На средбите во бугарската престолнина со премиерот Борисов и со претседателот Румен Радев ќе се побара од Бугарија како иден претседавач со ЕУ поддршка на патот за членство на Македонија во Унијата и во НАТО, како и унапредување на соработката меѓу двете земји.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.