vinatikvesh fin

Дури девет вина од бренд платформата на „Тиквеш“ – „Tikveš Châteaux & Domaines“ добија високи оценки од познатиот независен вински критичар Џеб Данак (Jeb Dunnuck), кој произлегува од тимот на „Wine Advocate“ на прочуениот вински експерт Роберт Паркер.

meso fin

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи прес-конференција на тема: Дефинирање на условите за ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи од страна на производителите согласно новиот правилник на АХВ.

zemjodelskiproizvodi fin

Откупот и продажбата на земјоделски производи во вториот квартал годинава се зголемени за 5,7 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

patarina fin1

Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

UJP fin

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на најголемите фирми-должници кон државата. На врвот на листата е ТЕ-ТО АД Скопје. Во групата на големи должници се и Националната радио телевизија, „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп, потоа „Бетон“ АД Скопје, „Винарска визба Повардарие“ од Неготино...

turisti fin

Во државава во јуни годинава се регистрирани 119.334 туристи со 264.821 ноќевање, што во однос на јуни лани претставува зголемување за 16,6 проценти, односно за 8,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново