Апокалипсата е близу? 15 Тажни факти поврзани со глобалното затоплување
Климата на нашата планета постојано се менува. Во последно време брзината на промените се зголемува. Глобалната температура се зголемува и тоа покажува негативно влијание на целиот свет. Да ѕирнеме во последиците од овој процес.
1. Стаклен ефект
Се зголемува како квантитативно, така како времетраење, периодите на силна жега, како и сродните топлотни удари и бројот на смртни случаи. Во градовите низ целиот свет летото провоцира ефект на стаклена градина и тоа силно влијае на здравјето.
2. Тропска треска
Американските научници предупредуваат дека жителите на САД стануваат се повеќе приемчиви на тропска треска и маларија.
3. Свежа вода
Нивото на морињата се зголемува, а количеството на свежата вода се намалува. Ова се случува поради топењето на мразот и сушата.
4. Екстремни временски услови
Се зголемуваат случаите на екстремни климатски услови. Овој тренд ќе продолжи и во наредните години. На пример се почесто има тропски бури, кои се со уништувачка сила.
5. Смог
Топлатата и застоениот воздух во градовите зголемува формирање на смог. Половина население на развиените земји живее во градовите – тоа значи дека живее во загадена средина.
6. Договорот на Тувалу со Нов Зеланд
Некои островски земји веќе планираат начини за евакуација. Тувалу склучиле договор со Нов Зеланд во случај на потреба од преселување.
7. $ 700 милијарди во ветер
Климатските промени силно удира по џебот многу земји. Кон 2030 година светската економија, предвидува , дека ќе загуби 700 милијарди. Долари како трошоци поврзани со климатските промени.
8. Сезона на алергии
Се подолга станува сезоната на алергиите. Тоа се одразува негативно врз здравјето на луѓето кои страдаат од алергии.
9. Проблем со храната
Не се далеку годините во кои проблемите со прехранбените производи ќе се изострат. За тоа се виновни високите температури и сушата.
10. Демографија
Екстремните климатски услови и намалувањето на земјоделското производство во земјите во развој ќе провоцираат повеќе конфликти и миграција. Пустините ќе ја зголемат површината, а нивото на морињата ќе се подигне. Ова може да предизвика демографски и политички проблеми.
11. Флора и фауна
Многуте промени поврзани со планетата, се неповратни. Може целосно да исчезнат различни растителни и животински видови.
12. Арктикот
До 2050 година Арктикот ќе биде речиси целосно ослободена од мраз во летниот период. Во моментот поради топењето на мразот белите мечки тешко наоѓаат храна.
13. СО2
Нивото на киселост на океанската вода расте како последица на зголеменото ниво на CO2 во атмосферата.
14. Поларизација на општеството
Најлоши последици од климатските промени ќе се за децата, постарите луѓе и сиромашните. Бидејќи тие не можат да се справат со нагли промени во пристапноста до храна и самите услови на живот. Ова ќе провоцира поларизираност на општеството – богати / сиромашни.
15. Околу 30% од видовите растенија и животни се угинати
Група експерти објавила прилично тешка прогноза – според нив зголемувањето на температурата во целиот свет ќе доведе до исчезнување на до 30% од растителните и животинските видови.