Постои држава која има министерство за среќа
Ова е единствената земја на светот во која власта е уверена дека тежнеењето кон среќа на секој жител е најважната цел на земјата. Токму среќата се смета за главен приоритет на националната политика.
Ова е толку многу важно што токму правото на среќа е дел од членот 9 од Уставот на државата.
Во Бутан не постои концепт на бруто домашен производ. Наместо тоа, за благосостојбата на земјата се користи индикаторот- бруто национална среќа. Концептот на бруто национална среќа потекнува од 1972 година и се заснова на четири основни компоненти како што се културната димензија, рамноправниот економски развој, доброто управување и заштитата на животната средина.
Поради тоа на секоја личност во оваа земја на пописот на населението, помеѓу останатото, се поставува прашањето: Дали сте среќни?
Во последниот попис спроведен во 2015 година, 35% од населението одговорило дека е многу среќно, 47,9% дека се чувствува умерено среќно, а само 8,8% од населението одговорило дека се чувствува несреќно.