Туристи убија делфин поради селфи
Човекот секојдневно ја нарушува рамнотежата во природата и ѝ нанесува немерлива штета, а на тоа сега, за жал, почна да му придонесува и трендот „селфи“ фотографии.
Имено, во последните 24 часа светот го обиколија фотографии кои се наизглед сосема во ред, но, всушност, ја прикажуваат мачната смрт на мал делфин, припадник на една од најмирољубивите видови на планетата која одамна на луѓето им искажува огромна наклонетост.
Откако минатата недела на една од аргентинските плажи турист во водата забележал делфин и го извлекол надвор, околу него се собрале десетици луѓе со желба да се фотографираат со малото животинче. И додека неинформираната толпа народ се фотографирала со делфинот, тој умирал во најголеми маки од прегрејување и дехидратација.
Делфините, имено, имаат многу тенка кожа поради што многу брзо дехидрираат и без вода можат да преживеат мошне кратко, пишува „Скај њуз“. Да биде уште полоша трагедијата, овој делфин припаѓал на Францискани, вид кој спаѓа меѓу многу загрозените со само околу 30.000 живи примероци.
Кога сфатиле дека делфинчето повеќе не реагира, туристите без ималку жал и чувство едноставно го отфрлиле на плажата и го оставиле мртво да лежи.
Извор: Плусинфо.мк