Кина им нуди на жените менструално боледување
Кинеската провинција Анхуи се согласила на жените коишто трпат големи болки во текот на менструалниот циклус да им овозможи отсуство од работа.
Сите жени, кои поради силни болки сакаат да отсуствуваат од работа, ќе мораат да донесат потврда од лекар од легални медицински институти или болници како доказ, објавија кинеските медиуми.
Анхуи не е прва кинеска покраина којашто се одлучила на таков потег. Покраините Шанкси и Хубеј веќе го вовеле т. н. менструално боледување.
Законите кои на жените им овозможуваат отсуство од работа во текот на менструацијата се применуваат и во Јужна Кореја, Јапонија, Индонезија и Тајван. Најдарежлив е Тајван, која дава три дена отсуство, додека во Индонезија жените ретко ја користат оваа можност поради напорните медицински прегледи.
Компанијата „Најки“, е единствена во светот која вклучила ваков вид отсуство во својот кодекс на професионално однесување, пишува „Индепендент“.
Според истражувањето на организацијата „Паб мед хелт“, една од 10 жени има толку силни грчеви и болки во текот на циклусот, така што не може нормално да ги извршува секојдневните активности. Оваа состојба во медицината е позната како дисменореа.
Извор: Плусинфо.мк