Судбината на речиси половина статуетки „Оскар“ не е позната
Најпрестижната кинонаграда “Оскар” се доделува веќе 87 години и досега се дадени 3 093 од најпрестижните статуетки, но како што соопшти Американската киноакадемија, судбината на околу половина од нив е непозната.
Според податоците на Академијата, многу од статуетките излегле на пазарот и се наоѓаат во приватни колекции. Некои го завршуваат својот пат во музеи во различни земји во светот, дел од нив остануваат кај лауреатите или нивните семејства.
Од 1851 година кога се покажува дека една статуетка се јавила на аукција по смртта на носителот на наградата, Академијата се труди да ја следи судбината на “Оскарите” . На секоја статуетка има сериски број, а лауреатите потпишуваат договор според кој наградата или ќе биде тестамент на наследниците, или на некоја непрофитна организација.
Во сите случаи статуетката не треба да се продава без прво да била понудена на Академијата, која ќе ја откупи со симболична цена од 1 долар. Сепак и до денес “Оскарите” се појавуваат на различни пазари и тендери. Така во 1993 година аукциската куќа “Сотби” ја продаде на колекционер статуетката на Вивиен Ли за филмот “Одвеано со виорот” за 563 500 долари.
Режисерот Стивен Спилберг стекнална аукција неколку статуетки на други актери, за да ги спаси. Мајкл Џексон купува во 1991 година еден “Оскар” за повеќе од 1,5 милиони долари, но по неговата смрт судбината на наградата е непозната.
Извор: Локално.мк