Оклопни каучи и столчиња ќе не чуваат од терористи
Може и да звучи како изум од филм за Џејмс Бонд, но шкотски производител на мебел сега нуди на пазарот оклопни тапацирани каучи и столчиња.
Поради зголемените закани за нов напад од типот на оној во Париз компанијата “Osdin Shield” смета дека нејзиниот”мебел со балистичка заштита” ќе се бара, пишува британскиот весник “Телеграф”. Идејата на производителите е, ако вооружени групи отворат огран во хотели или друга јавна установа, посетителите да можат да се скријат зад мебелот кој има оклопни плочи, пришиени за мекиот дел.
“Неочекувано вооружените напади стануваат сè почести насекаде во светот”, рече Дарен Осдин, основач на компанијата. “Ние го направивме мебелот, бидејќи ја имавме предвид природната реакција при неочекуван напад- човек да се наведна и скрие зад некаква бариера”, додаде тој.
Производителите го нудат својот мебел во различни дизајни и секој производ може да издржи напад на АК-47 и 44 мм “Магнум”. Целната група на “Osdin Shield” се претежно хотели, амбасади и музеи, кои биле цел на исламисти во текот на изминатата година. Според Осдин мебелот со заштита од куршуми може да достигне цена до 5000 фунти, во зависност од видот на производот, а оклопниот дел составува околу 40% од конечната цена. “Пред околу една година бев во лоби на хотелот во Централен Лондон и си помислив дека тоа е донекаде незаштитено. Тоа ми ја даде идејата – нема ништо слично на пазарот во моментов. Не може да нè спаси сите, но може да се спаси некој “, рече тој.
Извор: Локално.мк