Одгатната мистеријата на житните кругови
Според научниците станува збор за уникатна вештина на растенијата.
Сликите на необични кругови на различни точки на планетата се познати меѓу љубителите на мистерии и загатки како “житни кругови” или crop circles и не престануваат да раѓаат митови, легенди и конспиративни теории, пишува “Монитор”.Слични кругови биле забележани од научниците во Намибија , Африка, но сега нивните “близнаци” се појавија и во Австралија. Локалните жители на Црниот континент сметале дека кружните оголени површини се “чекорите на боговите”.Од набљудувањата во Австралија сепак истражувачите се на пат да изградат нова теорија различна од онаа дека круговите се работа на термитите.
Колку за љубопитнита да звучи натприродни интервенција на вонземјани кои сакаат да цртаат, научниците се на мислење дека станува збор за уникатна вештина на растенијата да се групираат така што да можат да набават доволно количини вода.Оваа способност на растенијата да се “соединуваат” научниците го поврзуваат со таканаречената теорија за самоорганизација во природата – оваа за формирање на моделите во природата.
Во биологијата тој се однесува на формирање на комплексни организации од клеточни структури. Ова е механизмот со кој еквивалентни клетки формираат ткива во најразлични сложени форми кои вршат различни функции. Уште во 1960 година германскиот физичар Херман Хакет дава име на терминот и дисциплината синергетика – дисциплината за заедничко дејствување на бројни подсистеми, како резултат на кои на макроскопично ниво јавуваат функционални структури.