Германците го укинуваат „рокот на траење“ на производите
Германскиот министер за земјоделство, Кристијан Шмидт, се залага да се укине одредбата за препорачниот рок на траење на производите. Неговото обрзаложение е дека тоа всушност не е рок на употреба , а Германците и онака фрлаат тони храна во ѓубре.
Секој од околу 80 милиони граѓани на Германија годишно во ѓубре фрла по 82 килограми прехрамбени продукти, повеќе од 6,5 милиони тони.
По правило само мал дел од таа храна е расипана и е поминат рокор на употреба по кој тие производи може да бидат опасни по здравјето на потрошувачите.
Чест е случајот во ѓубре да завршат и производи на кои штотуку им истекол рокот на употреба кој е означен како „препорачан рок на употреба“.
Тоа всушност е прилично еластичен поим : до тој датум прозиводителот гарантира дека производот ќе има особини кои би требало да ги има што се однесува до вкусот, мирисот, бојата , козистентност и хранлива вредност. По тој датум, многу е веројатно дека производот ќе ги задржи тие својства и можеби уште долго време ќе помине додека производот навистина не се расипе.
Се покажало дека производителите се поприлично „штедливи“ во тие препорачани датуми поради тоа што сметаат дека ако нпотрошувачот го фрли производот додека е можеби добар, тој најверојатно потоа ќе купи нов производ.
Резултат на тоа е тони фрлена храна. Тоа германскиот министер го навело да постави поголеми безбедносни периоди до рокот кога производот ќе почне да се расипува.
Голем број продукти се фрлаат во ѓубре иако се уште може да се јадат и нивното консумирање не го загрозува здравјето.
Извор: Плусинфо.мк