„Гугл“ воведе услуга „Фајбер фон“
Објавено на 5 април, 2016 во 07:45
Откако пред неколку години „Гугл“ ја воведе услуга за интернет и телевизија наречена „Фајбер‟, сега додаде уште една – фиксна телефонија.
Со услугата „Фајбер фон‟, која за сега е достапна само во САД, „Гугл“ сака да го спои телефонот, телевизијата и интернетот, бидејќи смета дека фиксните телефони се уште се исклучително важен аспект за голем број корисници.
„Гугл“ наведува дека за 10 долари месечно, добивате неограничени локални и национални повици, еднакви на пристапна тарифа како и „Гугл војс“ за меѓународни повици.