Шок: Кралска кобра каснала пеачка на сцената, таа продолжила да пее и така починала пред публиката
Ирма одбила противотров, мислела дека змијата е без заби
Поп-ѕвезда била касната од кралска кобра на сцената за време на изведба во живо. Таа продолжила да пее уште 45минути пред да се онесвести и да почине пред својата публика, пренесува “Дејли Меил”.
29-годишната Ирма Буле била позната по тоа дека често користи влекачи за време на живите настапи. За време на концертот во село во Западна Јава, Индонезија, таа била нападната од отровна змија. Кралската кобра Ријана била дел од шоуто и се сметало дека нејзините отровни заби се извадени. Животното, сепак, ги впило силно забите во телото и инјектирало смртоносен отров пред да ја тргнат. Пејачката продолжила да пее уште 45 минути, но почнала да повраќа и да добива напади. Била однесена во болница, од каде известиле за нејзината смрт. “Во средината на втората песна Ирма ја фатила змијата за опашка . Тогаш змијата ја гризнала за колкот “, раскажа човек од публиката. Според некои информации пејачката која користи исто Боа и питони во своите програми, одбила да прима противотров.
Извор: Локално.мк