Фејсбук воведува временска прогноза
Од сега советите за тоа како треба да се облечеме кога ќе излегуваме од дома прво ќе ги прочитаме на новата апликација за времеснка прогноза која ја воведува најпопуларната социјална мрежа Фејсбук .
Фејсбук еднаш или два пати дневно ќе не предупредува на промената на временските услови, а еден од најважните термини за приказ секако ќе биде првото утринско проверување на мрежата на Фејсбук, при што ќе добиеме совет како да се облечеме тој ден, дали да си понесеме чадор со себе, јакна или удобни чевли.
Фејсбук картичката со временска прогноза ќе може да се „развие“ така што ќе покажува повеќе информации за тој ден, или пак за следниот временски период кој ќе го изберете ( за едма недела или за еден месец).
Провајдерот на временските информации за Фејсбук е интернет-страницата Weather.com кој може да се вчита и преку вградениот прелистувач на Фејсбук, но таа функција во моментот не е активна. Советите и временската прогноза ќе бидат достапни и за Андроид и за иОС уредите.
Во моментот Фејсбук ја тестира апликацијата за временската прогноза во западните европски земји и наскоро може да ја очекуваме и кај нас.
Извор: Плусинфо.мк