Мобилните телефони ги полнат со звук
Корисниците на мобилните телефони кои постојано с ево трка за полнач поради испразнетите батерии на мобилните телефони, се чини дека наскоро ќе може да здивнат. Јужнокорејските научници многу блиску се до откритие на полнење на мобилните телефони на друг начин.
– Истражувавме неколку начини за собирање на енергија. Инспирирани од звукот во опкружувањето, таа енергија ја претворивме во електрична енергија. Енергијата на звукот може да има различни намени вклучувајќи ги и мобилните телефони, кои се полнат во текот на разговорот или ја собираат вревата од околината. Новата технологија се заснова на користење на мали нано-жици, сместени помеѓу две електроди. Кога електродите се изложуваат на гласови, се создава одредено количество на електрична енергија со која се полни батеријата на мобилниот телефон – објаснил доктор Санг Ву Ким од Институтот за нанотехнологија на Универзитетот во Сеул.
Тој додал дека во понатамошните истражувања би можела да се намали вревата во близина на автопатиштата, апсорбирајќи звучна енергија која ја создаваат возилата.
Извор: Плусинфо