Аника Божиќ – Србинката која стана арапска принцеза
Српската манекенка Аника Божиќ, секога кога ќе ја посети родната Србија предизвикува голем интерес кај медиумите, слично како Елена бин Драи и Сандра Мељниченко.
Имено, убавицата сега важи за арапска принцеза и го носи презимето ал Сараж, што дополнително го пробуди интересот кај јавноста, па новинарите посакаа да откријат и некакви детали од нејзиниот живот.
Аника е родена во Сремска Митровица, пораснала во Белград, а потекнува од добростоечко семејство на познат стоматолог. И иако очекувањата биле дека и Аника еден ден ќе облече бел мантил, таа сепак се определила за гламур, сјај и светлата на модните писти.
Таа градела успешна кариера, живеела во Каиро и Лондон, а потоа го запознала арапскиот бизнисмен Јусуф Омар ал Сараж, со кого се венчала во Атина.
– Според традицијата на семејството на мојот сопруг, името секогаш се пренесува од таткото на синот. Па така, мојот син е Омар VI – изјавила Аника во емисијата „Ексклузив“.
Манекенката моментално живее со сопругот и синот во Париз, и не сака да ја нарекуваат принцеза, бидејќи самата смета дека воопшто не е принцеза.
– Мојот сопруг не е арапски принц. Неговиот дедо бил претседател, значи тој бил државник, затоа што Палестина никогаш не била монархија, барем не во блиската историја. Дури ниту официјално не е држава. За жал, мојот сопруг никогаш не живеел таму, така што тој е Канаѓанин, бидејќи таму го минал целиот свој живот – потенцирала Аника, којашто вели дека би сакала трајно да се пресели во Париз и таму да ги расте своите деца.
На прашањето како се снаоѓа со бебето, Аника открива дека има голема помош од својата свекрва, но и од нејзината мајка кога е тука.
– Имам свекрва каква што само може да се посака. Одлично се согласуваме – открива манекенката.
Извор: Плусинфо.мк